Преглед
Инстант растителниот напиток со екстракти на чај е формулиран со уникатен спој на традиционален оранжов пеко – црн чај и зелен чај со екстракти од цвет на хибискус во прав и семе од кардамон. Зелениот чај се екстрахира во вода за да се добие истиот спектар соединенија што се добива и од традиционално сварен зелен чај.
Ова е напиток од билки совршен за будење наутро или за попладневно освежување. Напијте се и уживајте во освежителниот вкус на овој уникатен нискокалоричен напиток со билки, што обезбедува 87,5 mg кофеин.
Инстант растителниот напиток со екстракти на чај го има во различни вкусови и може да се пие и ладен и топол. Овој напиток се приготвува за неколку секунди и може да го пиете кога сте во движење или додека удобно си седите дома. Додајте ги омилените бобинки или цитрусно овошје и откријте ја вистинската разновидност на Инстант растителниот напиток со екстракти на чај.
Карактеристики
Инстант растителен напиток со екстракти на чај:
- Обезбедува 87,5 mg кофеин во една порција
- Нискокалоричен - само 6 kcal во една порција
- Одговара за вегетаријанци и за вегани
- Без глутен
- Не содржи вештачки бои или ароми
- Содржи 60 порции
Што содржи
малтодекстрин, екстракти од лист од зелен чај (Camellia sinensis (L.) Kuntze, 17,7 %), природни ароми, екстракт од лист на црн чај - Orange pekoe (Camellia sinensis (L.) Kuntze, 4,7 %), кофеин во прав, засладувач (стевиол гликозиди од стевиа), прав од цвет на хибискус, екстракт од семе на кардамом.
Како се употребува
Нежно протресете ја кутијата пред секоја употреба. Половина кафена лажичка (1,7 g) се меша со 200-240 ml топла или ладна вода. Овој производ треба да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана во рамките на здрав начин на живот. Пијте по една или две чаши на ден. Една порција содржи 87,5 mg кофеин.*
Да се чува со затворен капак на ладно, суво место.
За топол напиток, зовријте 1 литар вода и додајте ги омилените бобинки. Додајте 2,5 лажички Инстант растителен напиток со екстракти на чај. Топол напиток што ве опушта, совршен за студените денови.
За леден чај, во 1 литар вода додајте свежа калинка и неколку парчиња портокал и оставете да отстои преку ноќ. Додајте мраз и 2,5 лажички Инстант растителен напиток со екстракти на чај. Освежителен напиток со цитрусен вкус, совршен за топлите летни денови.
*Се препорачува да не се надминува вкупниот дневен внес од 400 mg кофеин од кој и да е извор (200 mg за бремени жени или за доилки). Не треба да се надминува внесот од 200 mg кофеин во една доза. (EFSA Journal 2015;13(5):4102. 2015)
SKU 331K
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.