Преглед
За поддршка на секојдневните потреби за витамините Б пробајте го Cell activator.
Cell activator е специјално формулиран со витамините Б1, Б2 и Б6, што придонесуваат за нормален енергетски метаболизам. Оваа капсула богата со витамини Б е богата и со клучните минерали цинк, бакар и манган, што придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. Покрај тоа, цинкот придонесува и за нормален метаболизам на јаглехидрати.
Овој повеќенаменски додаток во исхраната е во облик на практични капсули што лесно се вклопуваат во дневната рутина. Едноставно земете по 1 капсула трипати на ден, по можност со оброци.
Карактеристики
Cell activator:
- Формулиран со витамини Б1, Б2 и Б6
- Формулиран со цинк, бакар и манган
- Обезбедува преку 100 % од препорачаниот дневен внес* на витамините Б1, Б2 и Б6 во една порција со 3 капсули
- Содржи 90 капсули
*Препорачан дневен внес
Што содржи
Агенс за зголемување на волуменот (калциум цитрат), желатин, декстроза, згуснувач (микрокристална целулоза), алга хлорела во прав (7, 5 %) (Chlorella vulgaris), регулатор на киселост (јаболкова киселина), шитаке габа (5, 6 %) (Lentinus edodes), агенси против стврднување (магнезиумови соли на масни киселини, силициум диоксид), цинк цитрат, кајен пиперка во прав (0, 9 %) (Capsicum frutescens L.), лактоферин (млеко), манган карбонат, пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин, тиамин хидрохлорид, бакар цитрат.
Како се употребува
Се зема по 1 капсула трипати на ден.
Овој производ треба да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана во рамките на здрав начин на живот.
Да се чува со затворен капак на ладно, суво место.
НАПОМЕНА: Препорачаните дневни дози да не се надминуваат. Додатоците во исхраната се наменети за дополнување на исхраната и не треба да се користат како замена за разновидна исхрана и здрав начин на живот. Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
SKU 0104
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.