Преглед
Дајте му гориво на телото за опоравување* по тренинг со Rebuild Strength.
Rebuild Strength е напиток за опоравување по тренинг што содржи јаглехидрати и протеин, специјално развиен за силни спортисти. Формулиран со додаден L-глутамин и аминокиселини со разгранет синџир (BCAA), овој уникатен напиток за опоравување со јаглехидрати и протеин содржи јаглехидрати што придонесуваат за опоравување* по анаеробни вежби.
Rebuild Strength е формулиран со висококвалитетен протеин од сурутка и обезбедува 25 g протеин во една порција, што придонесува за одржување и раст на мускулната маса. Rebuild Strength е формулиран и со мешавина од клучни микронутриенти, меѓу кои и витамин Ц и железо. Железото придонесува за одржување нормален енергетски метаболизам, за формирање црвени крвни зрнца и за транспорт на кислород во телото.
Извлечете максимум од периодот по тренинг со Rebuild Strength.
*Јаглехидратите придонесуваат за враќање на нормална мускулна функција по тренинг со висок интензитет и/или долготраен тренинг што доведува до изморување на мускулите и намалување на резервите гликоген во скелетните мускули. Корисен ефект се постигнува со внес на јаглехидрати од сите извори, вкупно 4 g на килограм телесна тежина, во поделени дози, во првите 4 часа, но не подоцна од 6 часа по тренинг со висок интензитет и/или долготраен тренинг што доведува до изморување на мускулите и намалување на резервите гликоген во скелетните мускули.
Карактеристики
Herbalife24 Rebuild Strength:
- Обезбедува 25 g протеин во една порција
- Формулиран со висококвалитетен протеин од сурутка
- Обезбедува 6,3 mg железо во една порција
- Богат со витамин Ц
- Формулиран е со L-глутамин и со аминокиселини со разгранет синџир (BCAA)
- Сертифициран од Informed Sports*
- Содржи 20 порции
*Тестиран за присуство на забранети супстанции. Со Програмата Информирана потврда за квалитет во спортот се потврдува дека е тестиран примерок од серијата на производство на овој производ во LGC антидопинг лабораторија од светска класа и при испитувањето за антидопинг не се најдени забранети супстанции.
Што содржи
СОДРЖИ МЛЕКО. МОЖЕ ДА СОДРЖИ СОЈА И ЈАЈЦЕ.
Концентрат од млечен протеин, концентрат од протеин од сурутка (од млеко), фруктоза, сахароза, какао прав со смалени масти, L-глутамин, изолат на протеин од сурутка (од млеко), малтодекстрин, природна арома, натриум хлорид, регулатор на киселост (трикалиум цитрат), калциум казеинат (од млеко), триглицериди со среден синџир, L-леуцин, L-изолеуцин, L-валин, натриум L-аскорбат, згуснувач (гуар гума), железо пирофосфат, DL-алфа токоферол, калциум-D-пантотенат, пиридоксин хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, D-биотин, цијанокобаламин.
Како се употребува
Турете 5 рамни дозерки (50 g) во 250 ml вода и убаво протресете. Се пие во првите 30 минути откако ќе завршиме со анаеробна физичка активност.
Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав активен начин на живот.
Да се чува со затворен капак на ладно, суво место.
SKU 403K
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.