Преглед
Зголемете го дневниот внес на растителни влакна со Oat apple fibre, мешавина од растворливи и нерастворливи растителни влакна.
Oat apple fibre не содржи вештачки засладувачи и е специјално формулиран со шест природни извори на растителни влакна - јаболко, овес, пченка, цитрусно овошје, цикорија и соја. Една мерица од овој вкусен производ во облик на прав со вкус на јаболко, што не содржи шеќер*, обезбедува 5 g растителни влакна, што имаат важна улога за дигестивната функција.**
Oat apple fibre лесно се вклопува во начинот на исхрана. Едноставно измешајте го со вода, со сок или со шејк или додајте една мерица во овесна каша кога ја јадете за појадок. Овој уникатен напиток во прав со мазна текстура и нежен вкус на јаболко лесно се вклопува во дневната рутина.
*Содржи 0,1 g природен шеќер во една порција.
**Растителните влакна од овесни житарки придонесуваат за зголемување на баластот на столицата.
Карактеристики
Oat apple fibre:
- Формулиран со растворливи и нерастворливи растителни влакна
- Обезбедува 5 g растителни влакна во една порција
- Содржи 18 kcal во една порција
- Одговара за вегетаријанци и за вегани
- Не содржи шеќер*
- Без вештачки засладувачи
- Содржи 30 порции
*Содржи 0,1 g природен шеќер во една порција
Што содржи
МОЖЕ ДА СОДРЖИ ГЛУТЕН.
Oвесни влакна (28 %), растителни влакна од јаболко (24 %), пченкарен декстрин (24 %), растителни влакна од соја (9 %), цитрусни растителни влакна (5 %), инулин (од цикорија - 5 %), арома, згуснувачи (акација гума, ксантан гума), малтодекстрин, агенс против стврднување (силициум диоксид).
Како се употребува
Нежно протресете ја кутијата пред секоја употреба. Измешајте 1 мерица (6,8 g) со 150 ml вода. Како опција, Oat apple fibre може да го додадете во Formula 1 Nutritional shake mix или во овесна каша кога ја јадете за појадок.
Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав, активен начин на живот.
Да се чува со затворен капак на ладно, суво место.
SKU 2554
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.