Преглед
Оваа повеќенаменска мешавина со протеин е формулирана за да ја дополнува исхраната и да ви помогне да ги задоволите дневните потреби за протеин.
Formula 3 Персонализираниот протеински прашок е направен со мешавина од протеин од сурутка и од висококвалитетен протеин од соја. Протеинот придонесува за одржување и зголемување на мускулната маса.
Со Formula 3 Персонализираниот протеински прашок го ставате под контрола дневниот протеински внес. Овој производ во прав со неутрален вкус лесно се меша во напитоци и оброци секогаш кога треба да си го зголемите протеинскиот внес. Едноставно додајте го во шејк, смути, супи или сосови и зголемете си го протеинскиот внес со само еден лесен чекор.
Карактеристики
Formula 3 Персонализиран протеински прашок:
- Обезбедува 5 g висококвалитетен протеин од соја и од сурутка во една порција
- Содржи 23 kcal во една порција
- Повеќенаменски производ поради неутралниот вкус
- Протеински додаток што лесно се меша
- Содржи 40 порции
Што содржи
Изолат на протеин од соја (74, 9 %), изолат на протеин од сурутка (24, 5 %) (содржи млеко), ароми, агенс против стврднување (силициум диоксид).
Како се употребува
Една рамна лажица од правот (6 g) обезбедува 5 g протеин. Се консумираат од една до четири порции на ден. Нежно протресете ја кутијата пред секоја употреба. Оваа едноставна формула се меша со околу 150 ml напиток или оброк, како што се сосови и супи.
Овој производ треба да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана во рамките на здрав начин на живот.
Да се чува со затворен капак на ладно, суво место.*
НАПОМЕНА: Препорачаните дневни дози да не се надминуваат. Додатоците во исхраната се наменети за дополнување на исхраната и не треба да се користат како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
*Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав, активен начин на живот.
SKU 0242
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.