Преглед
Дајте им нова димензија на ужините со Протеинскиот чипс. Оваа вкусна протеинска ужина е печена, а не пржена, содржи квалитетен протеин од грашок и е неодоливо крцкава.
Оваа солена ужина се пече на висока температура за да биде совршено крцкава и содржи 50% помалку масти од пржениот чипс од компири. Практична ужина кога сте во движење со неодолив вкус, богата со протеин и без глутен.
Без оглед на тоа дали гледате филм или работите, Протеинскиот чипс е одлична ужина. Крцкав и богат со вкус, овој чипс е дизајниран за да ви помогне да си го зголемите протеинскиот внес кога и да ви е потребно.
Карактеристики
Протеинскиот чипс:
- обезбедува 12 g протеин од грашок во една ќесичка
- содржи 50 % помалку масти во споредба со пржен чипс од компири
- одговара за вегетаријанци
- не содржи глутен
- одлична протеинска ужина кога сте во движење
- една кутија содржи 10 ќесички
Што содржи
подготовка на база на грашок (изолат на протеин од грашок 41 %, брашно од лека, скроб од компир, пченкарно брашно), растителни масла (сончогледово масло, масло од маслодана репка) во променливи соодноси, додаток на заденьа (кромид во прав, сурутка во прав (млеко), сол, кисела павлака во прав (млеко), сиренье во прав (сиренье (млеко), суви материи на млеко, емулгатор (динатриум фосфат)), декстроза, екстракт од квасец, природна арома, сечкан магдонос, регулатор на киселост (лимонска киселина)], антиоксиданс (екстракт од рузмарин). За алергени, погледнете ги состоуките дадени со задебелени букви.
Како се употребува
Може да се јаде директно од ќесичката, не треба да се приготвува. Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав, активен начин на живот.
Да се чува на ладно, суво место.
SKU 142K
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.