Преглед
Зголемете си го дневниот протеински внес со Протеинскиот напиток во прав.
Протеинскиот напиток во прав може да се пие посебно како високопротеински напиток, една порција од две лажици обезбедува 15 g квалитетен протеин и 22 клучни витамини и минерали, или може да се додаде во омилениот шејк или смуди за зголемен протеински внес.
Овој повеќенаменски протеински производ во прав лесно се вклопува во дневната рутина. Протеинскиот напиток во прав одговара за вегетаријанци, има нежен вкус на ванила и може да го индивидуализирате според начинот на живот, вкусот и потребите во однос на исхраната. Едноставно измешајте го со вода или додајте го во омилениот Formula 1 Nutritional shake mix шејк и имате хранлив напиток со богат вкус и кремаста текстура.
Зголемете си го дневниот протеински внес со напиток што има неодолив вкус на ванила и се приготвува брзо и лесно. Ставете ги под контрола своите цели во однос на исхраната и зголемете си го протеинскиот внес кога ви е потребно.
Карактеристики
Протеински напиток во прав:
- Обезбедува 15 g висококвалитетен протеин во една порција
- Обезбедува 22 клучни витамини и минерали во една порција
- Содржи витамини Б (тиамин, рибофлавин, ниацин, вит. Б6, вит. Б12, биотин, пантотенска киселина)
- Одговара за вегетаријанци
- Без шеќер
- Протеински додаток што лесно се меша
- Содржи 21 порција
Што содржи
Изолат на протеин од соја (47 %), малтодекстрин, калциум казеинат (млеко), растителни масти во прав (сончогледово масло, малтодекстрин, натриум казеинат (млеко)), ароми, магнезиум фосфат, емулгатор (соин лецитин), натриум хлорид, калиум хлорид, згуснувачи (гуар гума, ксантан гума), калциум фосфат, магнезиум оксид, засладувач (сукралоза), L-аскорбинска киселина, бета-каротен, DL-алфа-токоферил ацетат, никотинамид, цинк оксид, калциум-D-пантотенат, манган карбонат, агенс против стврднување (силициум диоксид), цијанокобаламин, холекалциферол, пиридоксин хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, бакар цитрат, птероилмоноглутаминска киселина, калиум јодит, натриум селенит, D-биотин.
Како се употребува
Уживајте во Протеинскиот напиток во прав како хранлив протеински напиток. Нежно протресете ја кутијата пред секоја употреба. Две супени лажици (28 g) од правот се мешаат со 250 ml ладна вода и се пие. Се пие по една порција на ден наутро или попладне како ужина за да ви помогне да го постигнете препорачаниот дневен протеински внес.
Овој производ треба да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана во рамките на здрав начин на живот.
Да се чува затворено на ладно и суво место.
НАПОМЕНА: Препорачаните дневни дози да не се надминуваат. Додатоците во исхраната се наменети за дополнување на исхраната и не треба да се користат како замена за разновидна исхрана. Да се чува подалеку од дофат на мали деца.
*Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав, активен начин на живот.
SKU 2600
Нашите нутриционистички производи кои се поткрепени со наука може да се набават исклучиво преку Независните Членови на Herbalife. Овој производ не е наменет за дијагностицирање, терапија, лекување или превенција на ниедно заболување.