Кој може да ги користи Herbalife производите?
Во 2020 г., 5,3 милиони Herbalife протеински шејкови се консумираа на дневно ниво во целиот свет. Сите Herbalife производи се креирани во согласност со глобални, ЕУ и државни закони за да бидеме сигурни дека е безбедно да ги користат здрави возрасни лица. Herbalife производите треба да се користат согласно начинот на употреба наведен на етикетата. Важно е да имате предвид дека одредени производи содржат состојки како што се соја, овес, млечни состојки, кофеин и други состојки што може да не одговараат за одредени лица, како што се: лица што се алергични или интолерантни на одреден тип храна, бремени жени и доилки. Ако имате прашања во врска со Herbalife производите или со конкретни состојки, може директно да го исконтактирате Тимот за глобална безбедност на потрошувачите. Herbalife препорачува и да се консултирате со лекар пред да направите промени во начинот на исхрана.