Им го менуваме животот на луѓето, инспирираме wellness
Со поддршка до поздрава верзија од себе
Позитивната промена почнува со лична релација. Нашите производи ги комбинираме со знаењето и поддршката на нашите Herbalife Независни Дистрибутери и постигнуваме докажани резултати.
Дистрибутерот станува ваш ментор, работи со вас за да направи индивидуализиран план со нашите висококвалитетни производи, wellness програми и ресурси. И со неговото менторство, мотивација и посветеност, ќе ги поставите темелите на здрави навики за да продолжите со wellness патувањето.
Знаење
Дистрибутерот ви е wellness партнер. Дистрибутерите имаат пристап до алатки и обука од страна на стручњаци во Herbalife за исхрана, за фитнес и за здраво живеење, затоа ве менторираат и ве охрабруваат да ги постигнете своите wellness цели.
Самите Дистрибутери го поминале ова патување и со своето лично искуство и континуирана поддршка ќе ви помагаат да останете мотивирани и да имате долгорочен напредок. Од насоки во врска со производите до програми за исхрана, тие ќе ви помагаат да најдете едноставни, ефикасни решенија индивидуализирани според вашите потреби.
Менторство
Вашите цели се лични, па затоа лична треба да биде и поддршката што ја добивате. Herbalife Независните Дистрибутери ви обезбедуваат поддршка 1 на 1 со што ви помагаат да ги остварите своите потреби и wellness цели и ви нудат многу повеќе од нутриционистички производи, ви пренесуваат реално искуство и континуиран поттик за да останете во колосек.
Улогата на Дистрибутерот е да биде покрај вас на секој чекор од патувањето.
Заедница
Промените полесно ги доживуваме кога сме опкружени со луѓе што имаат слични цели и начин на живот. Заедницата на Herbalife опфаќа луѓе со слично wellness патување, што создаваат простор каде што поттикот, разбирањето и мотивацијата се природно присутни.
Во оваа околина што дава поддршка, ќе се поврзете со други луѓе што ќе прославуваат за вашиот успех, ќе ви помагаат да бидете одговорни и ќе ве инспирираат со своите патувања. Заедно ќе си пренесувате реални искуства, искрени успеси и практични совети што ќе ви даваат сила да продолжите дури и во денови кога ви е тешко.
Како функционира
- Стапете во контакт со Дистрибутер.
- Направете wellness евалуација и кажете му ги своите цели и потреби за начин на живот.
- Ќе добиете индивидуализиран план со препораки за производи.
- Континуирано ќе добивате насоки, менторство и мотивација.
- Почнете да градите здрави, долгорочни навики.
Вистински луѓе, вистински приказни
Прочитај успешни искуства во нашата заедница.
Herbalife ми овозможи да го живеам животот од моите соништа.
Betim A.,
Независен Дистрибутер на Herbalife
Herbalife ми овозможи да го живеам животот од моите соништа.
Betim A.,
Независен Дистрибутер на Herbalife
Betim A.
Herbalife ми овозможи да го живеам животот од моите соништа.
Независен Дистрибутер на Herbalife
"Со Herbalife се запознав во 2016 година преку социјалните медиуми. Сакав да ослабам и успеав да симнам 15 кг за два и пол месеци. Веќе по првата недела се чувствував подобро, имав повеќе енергија и немав главоболки и запек. Производите ги користев двапати дневно, со две ужини и еден главен оброк. Најмногу ми се допадна вкусот на шејкот – колачиња со крем. Секогаш имав поддршка од мојот ментор, а преку настаните на компанијата научив како да се развивам и да им помагам на другите. Последниве две години сериозно ја прифатив деловната можност и патував на прекрасни места. Herbalife ми овозможи да го живеам животот од моите соништа."
Активно присуствувам на сите настани и едукации, учам од најдобрите.
Zhaneta B. I.,
Независен Дистрибутер на Herbalife
Активно присуствувам на сите настани и едукации, учам од најдобрите.
Zhaneta B. I.,
Независен Дистрибутер на Herbalife
Zhaneta B. I.
Активно присуствувам на сите настани и едукации, учам од најдобрите.
Независен Дистрибутер на Herbalife
"За Herbalife знаев одамна, но вистинска инспирација ми дојде пред три години кога видов неверојатни резултати кај ќерка ми. Производите ме воодушевија уште од самиот почеток и лесно ги вклопив во својот активен начин на живот како тркачка на долги патеки и веднаш одлучив да станам Супервизор.
Во јануари 2024 г. кажав ДА за деловната можност и за ова најмногу ми помогнаа менторите. Активно присуствувам на сите настани и едукации, учам од најдобрите. Денес им помагам на луѓето да живеат поздраво и поактивно, градам интернационален тим со кој заедно напредуваме. Квалифицирана сум за VIP и платени одмори, уживам во живот исполнет со нови искуства. Благодарна сум што кажав ДА за оваа можност со која придонесувам во домашниот буџет. "
Тоа е нешто што ми дава неверојатно чувство на успех и за мене е бесценето!
Viktoria B. P.,
Независен Дистрибутер на Herbalife
Тоа е нешто што ми дава неверојатно чувство на успех и за мене е бесценето!
Viktoria B. P.,
Независен Дистрибутер на Herbalife
Viktoria B. P.
Тоа е нешто што ми дава неверојатно чувство на успех и за мене е бесценето!
Независен Дистрибутер на Herbalife
"За Herbalife дознав додека барав решение за вишокот килограми, недостигот на енергија и самодоверба. Ми се допадна идејата дека нуди решение за начин на живот со квалитетна, урамнотежена и вкусна исхрана.
На покана на мојот ментор на првиот поголем бизнис настан, се одушевив од бизнис моделот на компанијата и можноста да остварувам пасивен приход, што ќе ми даде слобода, неверојатен животен стил и позитивно опкружување. Веќе 2 години сум професионален Herbalife Дистрибутер и преку личен пример им помагам на луѓето да ги остварат своите физички трансформации и бизнис цели. Тоа е нешто што ми дава неверојатно чувство на успех и за мене е бесценето!"