Sports Nutrition & Support
Додавање лажни протеини: што значи тоа и на кој начин Herbalife обезбедува висококвалитетен протеин
Herbalife 26 јануари 2025
Што е тоа додавање лажни протеини?
Додавање лажни протеини, познато и како додавање аминокиселини или азот, е една од практиките што создаваат лажна слика во прехранбената индустрија. Тоа се случува кога компаниите наведуваат многу повисоки протеински вредности на етикетата од количината протеин што природно ја содржат главните протеински состојки (како што се соја, концентрати од казеин и од сурутка).
Како го прават ова?
Наједноставниот начин да се провери количината протеин е да се измери нивото на азот. Затоа, компаниите тајно додаваат евтини соединенија/полнители, како што се L-глицин или L-таурин, во протеин во прав (за да заштедат пари зашто протеинските состојки чинат повеќе). Овие полнители ги залажуваат лабораториските тестови при што ја зголемуваат протеинската вредност и покрај тоа што не обезбедуваат корисни ефекти и/или се некомплетни протеини.
Пример: На етикетата може да биде наведено дека една мерица содржи 25 g протеин, меѓутоа реално може да содржи само 15 g протеин од главните (корисни) протеински состојки. Покрај тоа што е ова неискрено, се коси и со вашите цели во однос на исхраната.
Зошто е проблем додавањето лажни протеини
- Етикети што создаваат лажна слика: консументите плаќаат за протеин што не го добиваат.
- Некомплетна исхрана: полнителите со азот не се комплетни протеини; не обезбедуваат есенцијални аминокиселини.
- Проблеми со довербата: Кога еднаш ќе се изгуби довербата, може да се уништи кредибилитетот на брендот што е граден со години.
✅ Како брендовите го докажуваат квалитетот на протеин
- Користат тестирања од трети лица
Сертификати како што се Informed Sport или NSF Certified for Sport ја потврдуваат вистинската протеинска вредност и елиминираат додадени лажни протеини.
- Следат добри производствени практики (GMP)
Производствени капацитети со добри производствени практики (GMP) што обезбедуваат суплементи со јасни, точни етикети.
- Ги едуцираат своите консументи
Брендовите треба да го објаснат начинот на кој ги добиваат состојките, процесот на тестирање и формулите—особено во однос на проблемите во индустријата.
Посветеноста на Herbalife на квалитет, транспарентност и следливост
Во Herbalife, довербата се гради со континуитет, интегритет и одговорност. Секој производ е поткрепен со нашата програма „Од семе за производ“, сеопфатна стратегија за обезбедување квалитет што го опфаќа секој чекор од производството.
Програма „Од семе до производ“
Го надгледуваме секој чекор за да осигуриме квалитет и безбедност во целиот процес на создавање на производот при што обезбедуваме целосна следливост и транспарентност.
Формулирано со интегритет
Изворот на нашиот протеин е од фармери на кои им веруваме, протеин од комплетни извори, проверен преку профилирање азот и аминокиселини.
Напредни протоколи за тестирање
- Правиме ригорозни интерни тестирања на секој производ за стабилност, за чистота и за точност на етикетата.
- Користиме напредни екстерни протоколи за тестирање. Тестирано. Проверено. Со доверба.
- Neotron – ISO 17025 акредитација за хемиска и микробиолошка анализа.
- Eurofins – Глобален лидер во тестирање храна и додатоци.
- LGC Informed Sport – Се тестира секоја H24 серија за преку 285 забранети супстанции.
Производствена извонредност
Нашите производствени капацитети се придржуваат кон стандарди за добри производствени практики (GMP), каде што спаѓаат проверени процеси и робусни системи за квалитет.
Глобално придржување кон стандарди
Се придржуваме кон стандардите на преку 43 регистрирани пазари во Европа и Африка, проверено и со доверба. Исполнуваме меѓународни стандарди за безбедност и квалитет.
Работиме со транспарентност
Без прескокнување чекори. Без додавање лажни протеини. Само вистински протеин на кој може да му верувате.
Ви благодариме што го избравте Hebalife, горди сме што ви даваме поддршка на вашето wellness патување со производи што исполнуваат највисоки глобални стандарди.