Behind the Science
Науката зад убавината: Клинички резултати што ја водат нашата најнова линија HL/Skin
Herbalife 25 февруари 2026
Со внимателно формулирани производи наменети за најважните потреби на кожата: блескава и сјајна кожа, здраво стареење и влажност и хидрација, линијата HL/Skin комбинира напредна корејска наука за нега на кожата со внимателно избрани состојки за да обезбеди ефикасни формули засновани на наука што навистина делуваат.
За самоуверено да обезбедиме комплетна и доверлива слика за перформансите на новата линија HL/Skin, извршивме обемни тестирања на сите производи:
- 14 клинички тестирања беа направени за да се провери и безбедноста и видливите резултати од линијата производи.
- Над 600 учесници со различни типови кожа, етнички заедници и начин на живот ги пробаа производите.
- Преку 4.000 фотографии „порано и сега“ се направени и анализирани со визуелизација на кожата со современа технологија.
- Тестовите се комбинација од тоа што луѓето всушност го почувствуваа и го видоа на кожата (резултат од перцепција на клиентите) со тестирања со современа технологија за пообјективно мерење на резултатите.
- Овој сеопфатен пристап на тестирање значи дека секој производ е дизајниран да создава пријатно чувство, а воедно и да биде ефикасен и да ги исполнува нашите етички и научни стандарди.
Испитувањата се вршеа со следниве технолошки уреди:
- Стручна клиничка евалуација: Независни стручњаци за евалуација извршија проценка на видливи подобрувања на изгледот на кожата на почетокот (како изгледаше кожата на нултиот ден) и по одреден временски период кога се користи производот за истражувања.
- Colourimetry (Chroma Meter® CR 400): Се користи за мерење на промените во сјајот на кожата, хомогеност на тенот на кожата и степенот на пигментација преку прецизни мерења. Chroma Meter® CR 400 има пулсна ксенонска ламба што емитира пулсна светлина на кожата, што се рефлектира и се собира во фотосензитивна ќелија.
- PRIMOS® CR: Напредна 3D технологија за визуелизација со што се фотографира површината на кожата со неверојатни детали — детали до степен на микрон (тоа е илјадити дел од милиметар). Им овозможува на научниците да ги измерат промените во длабочината и големината на брчките, како и текстурата на кожата, што покажува точно како се подобрува кожата и како станува помазна и рамномерно тонирана со тек на времето.
- VISIA® CR Imaging: Користи напредно фотографирање со висока резолуција под внимателно контролирано осветлување за да се направат детални слики од кожата. Со оваа технологија се анализираат клучни елементи — тука спаѓаат: пори, дамки, ситни и други брчки — за да се следат видливи подобрувања со тек на време. Со евалуација на промените кај видливите карактеристики на кожата, обезбедува прецизни докази врз база на податоци за подобрувањето на изгледот на кожата. Кожата изгледа поздраво и е порамномерно тонирана.
- Corneometer® CM 825: Го мери нивото на епидермална хидрација, со што овозможува квантитативна евалуација на задржувањето на влажноста во кожата.
- Tewameter® TM 300: Го следи трансепидермалното губење вода (TEWL) за проценка на интегритетот на кожната бариера.
- Cutometer® Dual MPA 580: Ги мери вискозноеластичните својства за евалуација на подобрување на цврстината и еластичноста на кожата.
- Sebumeter® SM 815 Device: Се користи за прецизно мерење на нивото на себум (маснотии) на површината на кожата. Функционира така што специјална лента се притиска на кожата и таа станува транспарентна врз база на количината присутен себум. Потоа, лентата се анализира со фотоќелија што го мери преносот на светлина при што обезбедува објективна и репродуцирачка вредност за содржината себум. Овој уред широко се користи за дерматолошки истражувања и тестирања на козметички производи за проценка на маснотиите на кожата и ефикасноста на формули за регулирање себум.
Сега да истражиме како со наука ја создадовме линијата HL/Skin и да ги погледнеме импресивните резултати од нашите клинички истражувања.
Блескава и сјајна кожа
КЛИНИЧКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕФИКАСНОСТ ДОБИЕНИ СО ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕРЕЊА И СО МЕРЕЊА ОД СТРАНА НА СТРУЧЊАЦИ:
Резултати добиени со инструментални мерења со уредот Sebumeter® SM 8151.
- Веднаш го намалува лачењето маснотии на кожата
- Го намалува лачењето маснотии на кожата по 30 дена употреба
Резултати добиени со инструментални мерења со уредот Corneometer® CM 8251.
- Не ја суши кожата
1 Тестирано на 32 жени на возраст од 25 до 60 години.
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ КЛИЕНТИ, ВРЗ БАЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД САМООЦЕНКА КАЈ 32 ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД 25 ДО 60 ГОДИНИ:
| По само една употреба: |
|---|
| 93% се согласуваат дека веднаш ја прави кожата помека |
| 90% се согласуваат дека кожата е веднаш мека и мазна |
| По 30 дена континуирана употреба: |
| 100% се согласуваат дека производот го намалува лачењето маснотии на лицето |
| 100% се согласуваат дека ги отстранува сите нечистотии и наслаги |
| 93% се согласуваат дека ја вади целата шминка |
| 96% се согласуваат дека ги прочистува и ги чисти порите |
| 96% се согласуваат дека производот ѝ дава здрав изглед и чувство на кожата |
| 90% се согласуваат дека кожата ја прави мека, мазна и негувана |
| 87% се согласуваат дека не ја суши кожата |
HL/Skin Серум со 10% ниацинамид
Овој серум на база на вода ја зајакнува бариерата на кожата и ѝ дава здрав, блескав сјај.
КЛИНИЧКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕФИКАСНОСТ ДОБИЕНИ СО ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕРЕЊА И СО МЕРЕЊА ОД СТРАНА НА СТРУЧЊАЦИ:
Резултати добиени од страна на стручњак за евалуација по 60 дена употреба3.
- Ја прави кожата помазна/помека
- Ја прави кожата поблескава/посјајна/светната
- Ја прави кожата посветла
- Рамномерно ја тонира кожата
- Ги намалува дамките
- Го подобрува изгледот на порите
Резултати добиени со уредот Colorimetry - Chroma Meter® CR 400 по 60 дена употреба3.
- Ги осветлува дамките
- Ја подобрува хомогеноста на тенот на кожата
Резултати добиени со уредот PRIMOS® CR по 60 дена употреба1.
- Ја намалува големината на брчките
- Ги намалува длабоките брчки
- Ја подобрува текстурата на кожата и ја прави кожата помазна
Резултати добиени со уредот Visia® CR по 60 дена употреба1.
- Ја намалува видливоста и големината на брчките
Резултати добиени со инструментални мерења со уредот Corneometer® CM 8252.
- 8-часовна хидрација
1 Тестирано на 34 жени на возраст од 44 до 65 години.
2 Тестирано на 32 жени на возраст од 25 до 60 години.
3 Тестирано на 36 жени на возраст од 44 до 65 години.
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ КЛИЕНТИ, ВРЗ БАЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД САМООЦЕНКА КАЈ 36 ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД 44 ДО 65 ГОДИНИ:
| По само една употреба: |
|---|
| 97% велат дека производот брзо се впива |
| 86% се согласуваат дека не остава мрсни траги |
| По 30 дена континуирана употреба: |
| 94% велат дека производот брзо се впива |
| 91% велат дека производот им ја прави кожата видливо помазна |
| 91% велат дека ја подобрува хидрацијата на кожата |
| 91% се согласуваат дека ја подобрува хидрацијата и влажноста на кожата |
| 91% велат дека кожата им изгледа поздраво |
| 88% велат дека кожата им изгледа поосвежено |
Здраво стареење
HL/Skin Крем за зацврстување на кожата
огат крем за лице со кадифена текстура што ја подобрува еластичноста на кожата.
КЛИНИЧКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕФИКАСНОСТ ДОБИЕНИ СО ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕРЕЊА И СО МЕРЕЊА ОД СТРАНА НА СТРУЧЊАЦИ:
Резултати добиени од страна на стручњак за евалуација по 30 и по 60 дена употреба1.
- Ја прави кожата помазна/помека
- Ја прави кожата поблескава/посјајна/светната
Резултати добиени со инструментално мерење на трансепидермално губење вода со уредот Tewameter® TM 300 по 60 дена употреба1.
- Ја зајакнува бариерата на кожата
Резултати добиени со инструментално мерење на вискозноеластичните својства на кожата со уредот Cutometer® Dual MPA 580 по 60 дена употреба1.
- Ја подобрува еластичноста на кожата
Резултати добиени со инструментално мерење со анализа на брчки (големината и длабочината на брчките) и рапавост/текстура со уредот PRIMOS® CR по 60 дена употреба1.
- Ја подобрува текстурата и ја намалува рапавоста на кожата
Резултати добиени со инструментални мерења со уредот Corneometer® CM 8252.
- 8-часовна хидрација
1 Тестирано на 35 жени на возраст од 41 до 60 години.
2 Тестирано на 32 жени на возраст од 25 до 60 години.
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ КЛИЕНТИ, ВРЗ БАЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД САМООЦЕНКА КАЈ 35 ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД 41 ДО 60 ГОДИНИ:
| По само една употреба: |
|---|
| 97% велат дека производот се впива брзо |
| 97% велат дека не остава мрсни траги на кожата |
| 97% се согласуваат дека кожата веднаш ја прави мека и мазна |
| 94% велат дека веднаш ја смирува кожата |
| По 60 дена континуирана употреба: |
| 100% велат дека кожата има поздрав изглед |
| 100% велат дека кожата изгледа поосвежено |
| 100% велат дека кожата им е помазна и поблескава |
| 91% велат дека кожата им изгледа поздраво |
| 88% велат дека кожата им изгледа поосвежено |
| 100% се согласуваат дека производот создава пријатно чувство на кожата |
| 100% велат дека кожата им е помазна и помека |
| 97% велат дека ја подобрува хидрацијата на кожата |
| 97% се согласуваат дека кожата е помека, помазна и понегувана |
| 97% се согласуваат дека производот не ја прави кожата леплива или мрсна по нанесување |
| 97% се согласуваат дека производот придонесува за „glass skin“ ефект |
| 94% велат дека производот ја прави кожата видливо помазна |
| 94% велат дека помага за враќање на еластичноста на кожата |
HL/Skin Потхранувачки крем за пределот околу очите
Лесен крем за деликатната кожа околу очите што брзо се впива и не остава мрсни траги.
КЛИНИЧКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕФИКАСНОСТ ДОБИЕНИ СО ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕРЕЊА И СО МЕРЕЊА ОД СТРАНА НА СТРУЧЊАЦИ:
Резултати добиени од страна на стручњак за евалуација по 60 дена употреба1.
- Ја прави кожата помазна/помека
- Ја прави кожата поблескава/посјајна/светната
- Ги намалува брчките околу очите
- Ги намалува подочниците
Резултати добиени со инструментални мерења за цврстина на кожата со уредот Cutometer® Dual MPA 580 по 60 дена употреба1.
- Ја зацврстува кожата
Резултати добиени со уредот Visia® CR по 60 дена употреба2.
- Ја намалува видливоста и големината на брчките
Резултати добиени со инструментални мерења со уредот Corneometer® CM 8253.
- 8-часовна хидрација
1 Тестирано на 33 жени на возраст од 43 до 65 години.
2 Тестирано на 31 жена на возраст од 44 до 65 години.
3 Тестирано на 32 жени на возраст од 25 до 60 години.
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ КЛИЕНТИ, ВРЗ БАЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД САМООЦЕНКА КАЈ 33 ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД 43 ДО 65 ГОДИНИ:
| По само една употреба: |
|---|
| 93% велат дека не остава мрсни траги на кожата |
| 90% велат дека производот брзо се впива |
| По 60 дена континуирана употреба: |
| 100% се согласуваат дека текстурата на производот создава пријатно чувство на кожата |
| 100% се согласуваат дека производот ја подобрува хидрацијата на кожата |
| 100% се согласуваат дека производот ја прави кожата помазна и помека |
| 100% потврдуваат дека производот не ја прави кожата леплива или мрсна по нанесување |
| 97% велат дека производот ѝ дава поздрав изглед на кожата |
| 97% велат дека производот брзо се впива |
| 94% велат дека производот ја подобрува еластичноста, мекоста и хидрацијата на кожата |
| 90% велат дека производот ја прави кожата поосвежена |
| 90% велат дека производот придонесува за здраво стареење и им помага да се чувствуваат подобро во однос на знаците на стареење |
| 87% велат дека очите им изгледаат поодморено и понеуморно |
Влажност и хидрација
HL/Skin Лосион за нега на раце и тело
Лесен, хранлив лосион за раце и тело за долготрајна хидрација и за мека кожа.
КЛИНИЧКИ РЕЗУЛТАТИ ЗА ЕФИКАСНОСТ ДОБИЕНИ СО ИНСТРУМЕНТАЛНИ МЕРЕЊА И СО МЕРЕЊА ОД СТРАНА НА СТРУЧЊАЦИ:
Резултати добиени со инструментални мерења со уредот Corneometer® CM 8251.
- 24-часовна хидрација
- зголемена влажност за 37% по 24 часа
1 Тестирано на 32 жени на возраст од 25 до 60 години.
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА КАЈ КЛИЕНТИ, ВРЗ БАЗА НА РЕЗУЛТАТИ ОД САМООЦЕНКА КАЈ 32 ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД 25 ДО 60 ГОДИНИ:
| По само една употреба: |
|---|
| 96% се согласуваат дека не остава мрсни траги на кожата |
| 93% велат дека производот брзо и убаво се впива во кожата веднаш по нанесување |
| 93% се согласуваат дека веднаш создава пријатно чувство на кожата |
| 87% се согласуваат дека веднаш ја прави кожата пофлексибилна |
| 87% се согласуваат дека веднаш ја прави кожата поздрава |
| 87% велат дека веднаш ја прави кожата помека |
| 87% велат дека значително ја подобрува влажноста на кожата по само една употреба |
Новата HL/Skin линија е заснована на ригорозна наука, обемно клиничко тестирање и реален фидбек од клиенти, со што ви обезбедува нега на кожата што создава пријатно чувство и дава ефекти што може да се измерат. Секоја формула во линијата е дизајнирана да обезбедува видливи подобрувања во однос на клучни проблеми со кожата, а притоа исполнува строги безбедносни, етички и научни стандарди и дава резултати во кои може да имате доверба.