Susan Bowerman
M.S., R.D., CSSD, CSOWM, FAND - постар директор, Глобална едукација и обука за исхрана;Претседавач, Диететски советодавен одбор и Советодавен одбор за исхрана однадвор на Herbalife
Биографија
Сузан Бауерман е постар директор на Глобална едукација и обука за исхрана во Herbalife. Таа е и претседавач на Диететскиот советодавен одбор и на Советодавниот одбор за исхрана однадвор на Herbalife. Како регистриран диететичар, г-а Бауерман ги едуцира независните Дистрибутери на Herbalife за нашата глобална филозофија за wellness и е одговорна за развој на материјали за едукација и за обука за исхрана.
Пред функцијата во Herbalife, г-а Бауерман беше помошник-директор во Центарот за исхрана на луѓето на UCLA*. Таа беше назначена и за вонреден професор по исхрана на Универзитетот Пепердин во Малибу, Калифорнија, како и за предавач по исхрана на Катедрата за наука за храна и исхрана на Калифорнискиот политехнички државен универзитет во Сан Луис Обиспо, Калифорнија.
Г-а Бауерман шест сезони беше и консултант на (тогашниот) Лос Анџелес Рејдерс, а две години беше колумнист и пишуваше статии во секцијата за здравје на Лос Анџелес Тајмс. Таа е плоден автор и има напишано многу статии за исхрана и за здрави оброци. Г-а Бауерман е и коавтор на бројни истражувачки трудови и поглавја во книги, како и коавтор на две книги за јавноста: „Која боја ви е исхраната?“ [What Color Is Your Diet] и „Л.А. исхрана за обликување на телото” [L.A. Shape Diet] од д-р Дејвид Хибер, објавени од Харпер Колинс во 2001 г. и 2004 г. Таа предава екстензивни и напредни едукативни програми за поединци, групи и индустрии фокусирани на унапредување на здравјето, регулирање на тежината и спортска исхрана.
Г-а Бауерман беше почесен дипломец на Универзитетот на Колорадо и се стекна со титулата дипломиран биолог, а потоа заврши постдипломски студии за наука за храна и исхрана на Државниот универзитет на Колорадо. Стажираше диететика на Универзитетот на Канзас и од одборот е сертифицирана за спортска диететика и за регулирање на тежината и прекумерна дебелина. Г-а Бауерман е и член на Академијата за исхрана и диететика. Кога не е зафатена со предавања и пишување, ужива да поминува време со семејството, да готви и да работи во градината. Омилени Herbalife производи ѝ се Simply Probiotic и Formula 1 Nutritional Shake Mix со вкус на Banana Caramel.
*Титулите служат само за идентификација. Политиката на Универзитетот на Калифорнија е да не поддржува конкретни производи или услуги.