8 мај 2026
09:00
PST
|
Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави
Herbalife и Кристијано Роналдо ја воведуваат спортската исхрана во секојдневната рутина преку кампањата „Fuel Like Ronaldo“
Повеќе од 20 години, Herbalife обезбедува гориво за елитните спортисти, а сега својата докажана стручност во спортската исхрана им ја пренесува и на љубителите на wellness низ целиот свет
Herbalife Ltd., премиум компанија, заедница и платформа за здравје и wellness, денеска го најави лансирањето на кампањата „Fuel Like Ronaldo“, глобална иницијатива што ги преточува стратегиите за исхрана и перформанси на елитните спортисти во практични насоки за секојдневните љубители на wellness.
Повеќе од 20 години Herbalife обезбедува гориво за елитните спортисти, вклучувајќи и преку долгогодишното партнерство со глобалната спортска икона Кристијано Роналдо, така што својата стручност во спортската исхрана несебично им ја става на располагање на клиентите за да им помогне да ја оптимизираат енергијата, да имаат поддршка при опоравувањето и да градат поздрава секојдневна рутина. Лансирањето доаѓа во моменти кога вниманието на целиот свет е свртено кон најзначајниот фудбалски настан летово, со што потенцираме како дисциплината и подготовките на елитните спортисти може да бидат инспирација за формирање поздрави навики.
„Повеќе од две децении Herbalife им помага на елитни спортисти да ги оптимизираат своите перформанси преку програми за исхрана засновани на наука“, рече Главниот извршен директор на Herbalife, Стефан Грациани. Благодарение на кампањата „Fuel Like Ronaldo“, стручните сознанија за исхраната стануваат достапни за секого. Нашата стручност во областа на спортската исхрана ја комбинираме со нови дигитални алатки за да креираме едноставен, ефикасен систем што може да му помогне секому да води поздрав и поактивен живот.“
Од наука за спортот до секојдневна рутина
Кампањата ја поедноставува сложената наука за спортот во рамка што се состои од четири чекори:
- Подготовка: Научете како правилно да си го подготвите телото со помош на урамнотежена исхрана и хидрација што ќе ве одржува во текот на целиот ден.
- Активност: Откријте ги стратегиите за одржување на енергијата и фокусот за време на секојдневната работа и физички активности.
- Опоравување: Научете како ефикасно да ја вратите силата и да ги регенерирате мускулите.
- Повторување: Изградете континуитет од навики како темел за долгорочен wellness.
Партнерство засновано врз перформанси
Во светот на фудбалот, Herbalife дава поддршка за над 20 спонзорства низ целиот свет, на машки и женски поединци и тимови, како и програми за развој на младите, меѓу кои особено се истакнува партнерството со LA Galaxy што трае повеќе од 20 години и е најдолгото спонзорство на дресови во историјата на Major League Soccer.
Соработката на Herbalife и Кристијано Роналдо претставува одраз на нашата заедничка определба за исхрана за врвни спортски перформанси. Од 2013 г. наваму, Herbalife на Роналдо му обезбедува поддршка за тренинзите и за опоравувањето со производи како што се протеинските шејкови Formula 1 и Herbalife24® CR7 Drive, пијалак за хидрација што беше направен во соработка со Роналдо за да бидат задоволени потребите на елитните спортисти. Партнерството потоа се прошири и на персонализираната исхрана, со инвестицијата на Роналдо во дигиталната платформа Pro2col™ на Herbalife, а Herbalife го откупи Bioniq, персонализирана компанија што е поддржана од Роналдо. Сите овие заложби се одраз на една заедничка визија – напредната спортска исхрана да стане подостапна.
Кампањата е инспирирана од искуството на Herbalife во областа на спортот и се темели на една едноставна идеја: додека елитните спортисти го оптимизираат секој детаљ од својата рутина, истите основни начела важат и во секојдневниот живот. Хидрацијата, на пример, игра клучна улога за енергијата, фокусот и опоравувањето, но сепак многу луѓе не се доволно хидрирани. „Fuel Like Ronaldo” ги заживува овие сознанија и покажува како со континуитет во едноставни навики може да се направи значителна разлика.
„Дисциплината во исхраната отсекогаш била клучен дел од мојот успех, и на теренот и надвор од него,“ вели Кристијано Роналдо. „Долги години соработувам со Herbalife и верувам во моќта на континуирано, структурирано гориво за телото. Целта на кампањата „Fuel Like Ronaldo“ е да се споделуваат тие начела за секој човек да може секојдневно да биде активен, да се опоравува и да се чувствува најдобро што може.“
Глобално лансирање на кампањата
„Fuel Like Ronaldo” заживува низ целосно интегрирана глобална активација на повеќе канали. Таа се состои од интерактивни искуства за фановите на важни спортски настани, објави на социјалните мрежи каде што се споделуваат стручни wellness сознанија на експерти и спортисти, како и постојано достапна дигитална платформа преку која луѓето во пракса може да откријат практични начини како да се хранат како професионалци.”
Клучен елемент на оваа иницијатива се повеќе од 2 милиона независни Дистрибутери на Herbalife, зашто ја доближуваат кампањата до заедници низ целиот свет и им помагаат на клиентите да ги интегрираат начелата на рамката на кампањата што се состои од четири чекори во секојдневната рутина. Во рамки на кампањата ќе биде презентиран и шејк инспириран од Роналдо и направен со производи на Herbalife што ги користи Кристијано Роналдо, така што клиентите ќе имаат можност лично да искусат како тој го храни своето тело.
Ако сакате да дознаете повеќе за Herbalife и да го разгледате дигиталниот простор на „Fuel Like Ronaldo”, посетете јa www.fuellikeronaldo.com.
(1) Извор: Euromonitor; CH2025ed, протеински шејк како спортски протеински прав, спортски протеински RTDs, замена за оброк, пијалаци за дополнување на исхраната и протеински додатоци; комбиниран % RSP удел GBO за 2024.
Herbalife нема воспоставено соработка и партнерство со и не е официјален спонзор или партнер на FIFA или Светското првенство на FIFA 2026™. Сите заштитни знаци се во сопственост на именуваните сопственици.
За Herbalife Ltd.
Herbalife е премиум компанија, заедница и платформа за здравје и wellness што од 1980 година наваму го менува животот на луѓето со врвни нутриционистички производи и со деловна можност за своите независни Дистрибутери. Компанијата на клиентите им нуди производи засновани на наука во повеќе од 90 држави преку претприемничка мрежа Дистрибутери што обезбедуваат индивидуален коучинг и поддршка во заедница што ги инспирира клиентите да живеат најдобро преку поздрав, поактивен начин на живот.
За повеќе информации, посетете ја https://ir.herbalife.com.