Производи
FLaytout Menu
Млад човек работи на компјутер од дома

4 февруари 2026

09:00

UTC

|

ЕМЕА

Herbalife склучи партнерство за развој на AI модел на метаболизам што предвидува човечки реакции на реални оброци

Herbalife, број 1 бренд во светот за нутриционизам и за активен начин на живот[1], склучи партнерство со академици од Универзитетот и истражувачки центар Вагенинген (WUR), од Технолошкиот универзитет во Ајндховен (TU/e) и од групи во индустријата за да развијат Дигитален двојник за човекова исхрана, AI модел што има за цел да предвиди како човекот ќе реагира на реални оброци.

 

Проектот ќе трае до 2029 г. и во почетната фаза ќе се проучуваат луѓе и тоа како телото реагира при внес на протеин од разни извори како дел од сложени оброци во различен период од денот. Овие реакции заедно со постоечките податоци ќе се искористат за развој на Дигитален двојник на човековата исхрана - MetaboTwin - што со помош на моделирање и на методи базирани на податоци (AI) ќе предвидува метаболички реакции што се случуваат во телото на разни видови храна.

 

Во рамки на проектот, Herbalife, број 1 брендот во светот за протеински шејкови[2], ќе обезбеди разни производи, меѓу кои и производот Формула 1 шејк како заменски оброк и производи богати со растителни влакна, што ќе се користат за консумација во испитувања што ќе се вршат кај човекот. И научниците од Herbalife ќе работат во рамки на овој проект заедно со двете академски институции, Универзитетот и истражувачки центар Вагенинген (WUR) и Технолошкиот универзитет во Ајндховен (TU/e), како и со членови на конзорциумот „Thai Union, Norilia, Ani.AI, Nuritas“ и „Genos“ на развојот на MetaboTwin.

 

Наједноставно кажано, метаболички реакции се реакции на телото по внес на храна. На пример, кога јадеме, во телото се лачи инсулин што помага во регулирање на шеќерот во крвта. MetaboTwin ќе помага за давање индивидуализирани совети за исхрана што може да придонесуваат за превенција на заболувања поврзани со исхраната.

 

Се надеваме дека финалниот модел ќе им помага и на производителите на храна и на трговците во малопродажба да создаваат протеински производи што се поздрави и поодржливи, со што ќе придонесуваат за пошироките цели за јавно здравје и одржливост. Тука спаѓа превенција на развој на хронични заболувања поврзани со исхраната, меѓу кои и кардиометаболички заболувања, како што е дијабетес.

 

Андреа Бертоко, доктор по науки, постар главен научник во Herbalife, вели: „Чест ни е да работиме со нашите партнери во поширокиот конзорциум, што претставува спој на богата експертиза од областа на здравјето и исхраната.

 

Реалните испитувања уште повеќе ќе ни го зголемат знаењето за нашите производи и ќе обезбедат важни сознанија за метаболичките реакции по внес на храна. Во свет каде што сѐ повеќе се зголемува потребата за индивидуализирана исхрана и додатоци во исхрана, проектот за развој на MetaboTwin е за нас можност за збогатување на нашите истражувања и развој и за поттикнување уште поголеми иновации.“

 

Забелешки за уредниците:

Официјалното соопштение за медиумите од Универзитетот и истражувачки центар Вагенинген (WUR) може да го најдете овде.

 

[1] Извор: Euromonitor; CH2025ed, active & lifestyle nutrition as weight management & wellbeing, sports nutrition, and vitamins & dietary supplements definitions; combined % RSP share GBO for 2024

[2] Извор: Euromonitor; CH2025ed, active & lifestyle nutrition as weight management & wellbeing, sports nutrition, and vitamins & dietary supplements definitions; combined % RSP share GBO for 2024

 

За Herbalife

Herbalife е водечка компанија, заедница и платформа за здравје и wellness што им го менува животот на луѓето со одлични нутриционистички производи и со деловна можност за независните Дистрибутери уште од 1980 г. На своите клиенти Компанијата им нуди производи зад кои стои наука на повеќе од 90 пазари преку Дистрибутери-претприемачи што обезбедуваат менторство 1 на 1 и заедница што дава поддршка и ги инспирира своите клиенти да водат поздрав, поактивен начин на живот за да живеат најдобар живот.

 

За повеќе информации, одете на https://www.herbalife.com/.

Контакт за медиуми